ПРОИЗВОДИ

Цевки

Различни видови композитни цевки се произведуваат со стандардни димензии според наведените дијаметар и должина во табела, или димензии прилагодени според вашите потреби.
Изолационите цевки се достапни во пет типови:
Tекстофен
Карактеристики
Текстофен цевките се композитни материјали изработени од фенолна смола и памучна ткаенина. Фенолната смола, која е отпорна на температура и хемикалии овозможува овие производи да се карактеризираат со добри механички особини со низок коефициент на триење како добри клизни материјали во производство на клизни елементи. Се користи и како електро-изолационен материјал. Текстофен цевките се изработуваат со метода намотување на висока температура при што смолата се сврзува со памучната ткаенина и се добива цврста и компактна текстофен цевка. Овие фенолни цевкисе лесни за машинска обработка, се карактеризираат со мала апсорпција на вода и работат со многу помала бучава споредено со некои метали при примена клизни лежаи.
Состав
Фенолна смола и платно од памучна ткаенина
Боја
кафеава
Димензии
Внатрешен дијаметар (мм)
Должина (мм)
6-12
500
12-400
1000
400-1500
400
Производ
Стандард
Ознака по стандард
Pdf.
Текстофен
DIN 7735
IEC/EN 61212
NEMA LI 1
HgW 2085
PF CC 22
C