ПРОИЗВОДИ

Плочи

Плочите се произведени во стандардни формати, или формати според вашите потреби.
Плочите се достапни во шест типови:
Текстофен
Карактеристики
Текстофен плочите се композитни материјали изработени од фенолна смола и памучна ткаенина. Фенолната смола, која е отпорна на температура и хемикалии овозможува овие производи да се карактеризираат со добри механички особини со низок коефициент на триење како добри клизни материјали во производство на клизни елементи. Се користи и како електро-изолационен материјал. Текстофен плочите се индустриски ламинати кои се добиваат со импрегнација на фенолна смола и памучна ткаенина. Овие фенолни плочи се лесни за машинска обработка, се карактеризираат со мала апсорпција на вода. Елементите од запчаници и клизни лежаи изработени од текстофен работат со многу помала бучава споредено со некои метали.
Композиција
фенолна смола и памучна ткаенина
Боја
жолто-кафеава
Димензии
Дебелина (mm)
Формат (mm)
0,5-40
1200x2160
0,5-40
1200x1080
40-150
920x970
Производ
Стандард
Ознака по стандард
Pdf.
Текстофен
DIN 7735
IEC/EN 60893
NEMA LI 1
HgW 2082
PF CC 201
C