За нас

Тимот од експерти на LAMINATI KOM успешно ја продолжува и усовршува традицијата подолга од 50 години во производство и глобална дистрибуција на различни композитни материјали, инженерски пластики и машински преработени резервни делови за многу индустрии. Ние веруваме во моќта на нашиот тим, кој преку знаење, иновација, флексибилност, дологодишно искуство, постојаност и блиска соработка со клиентите успешно развива конструктивни решенија за различни технички проблеми.

LAMINATI KOM е приватна компанија која е специјализирана во производство на технички електро-изолациони ламинати, композитни материјали, дитрибуција на инжињерски пластики и машински преработени резервни делови изработени според технички цртежи. Најчесто овие делови се користат за прво вградување, но исто така наоѓаат и широка примена како резервни делови при периодични ремонти кај електро печки во металургија, во хидро и термо централи кај генератори итн.

Просториите на LAMINATI KOM се лоцирани во Прилеп, Македонија, локација што овозможува флексибилност и краток рок на испораки.

Што работиме?
Ние произведуваме и преработуваме технички ламинати од хартија или памучни влакна импрегрирани со фенолни смоли, стаклени влакна импрегнирани со епоксидни или полиестерски смоли, MICA производи, се според интернационалните стандарди на DIN 7735, во форма на плочи, цевки, стапови, цилиндри и прстени. Исто така ние сме дистрибутери на различни видови на инженерски пластики како што се полиетилен, полипропилен, полиамид итн.
Која е нашата мисија?
Нашата мисија е да бидеме најдобрите добавувачи на технички ламинати, изолациони композити и инженерски пластики, предводени од потребите на нашите клиенти, базирајќи се на иновативна технологија, респонсивна и флексибилна услуга и континуиран развој.